
Најмалку 10 сириски бегалци загинаа денеска, а десетици се повредени, при воздушни напади на сириската армија во реонот на еден бегалски камп во северозападната провинција Идлиб, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, со седиште во Лондон.
Жртвите биле од Хама, од централниот дел на земјата, кои поставиле камп од шатори, а кој бил уништен при нападот.
Авиони на сириското Воено воздухопловство исфрлиле два контејнера со експлозиви врз кампот.
Во меѓу време, автомобил-бомба експлодира во алавитска населба во градот Хомс, при што се повредени најмалку 37 лица. Меѓу нив има и деца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


