| четврток, 6 декември 2018 |

Британците со нов супер компјутер за временска прогноза

Image_4394901_407

Постојаните поплаки на Британците од неспособноста на синоптичарите да го прогнозираат времето ќе останат во минатото. Метеоролошката служба на Велика Британија ќе добие нов супер компјутер каков што немаат нивните колеги во светот.

Компјутерот е со вредност  97 милиони фунти и  со тежина 140 тони. Тој ќе може да врши по 16 000 трилиони операции во секунда. Ќе биде лоциран во метеоролошки центар во град Ексетер, југозападна Англија. Британските синоптичарите ќе можат со поголема прецизност да го прогнозираат времето и прогнозите ќе се прават на секој час, а не на шест часа, како што е сега .

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top