| четврток, 6 декември 2018 |

Бројот на Фејсбук корисници за 14% зголемен во последното тромесечие

Screenshot_22

Само за три месеци, бројот на месечните активни корисници на социјалната мрежа Фејсбук се зголемил за 14% и сега се 1,35 милијарди корисници. Бројот на корисници преку мобилни се зголемил до 1.12 милијарди, а дневните активни корисници се 864 милиони. Вчера компанијата ги објави резултатите за третиот квартал, кои покажаа приходи од 3,2 милијарди долари – малку над очекуваните од аналитичарите 3.12 милијарди долари. Приходите на Фејсбук од мобилно рекламирање продолжиле да растат и веќе се 66 % од вкупните приходи на компанијата во однос на 61 % за трите претходни месеци.Вчера акциите на компанијата достигнаа рекордна цена од 81.16 долари за во готово, а капитализацијата  надмина 210 милијарди долари.

Извршниот директор на компанијата Марк Цукерберг предупреди дека во 2015 година компанијата ќе одвои повеќе средства за инвестиции. Како резултат на тоа, трошоците на Фејсбук за 2015 година можат да пораснат меѓу 50% и 70% .

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top