| четврток, 6 декември 2018 |

Средношколци фрлиле солзавец во автобус- повредено 16 годишно девојче

Двајца средношколци од АСУЦ Боро Петрушевски попладнево фрлиле солзавец во приватен автобус при што била повредена 16 годишно девојче.

 Од МВР информираат дека за инцидентот се приведени Амир С. (16) и Руфи Б. (16) и се пренесени на распит во полициска станица Гази Баба.

Инцидентот го предизвикале во приватен автобус број 45 додека бил на улицата Благоја Стевковски спроти бензинската пумпа Макпетрол. Од солзавецот повредена била 16 годишната Елдина Б. Која била пренесена во болница, но по укажаната лекарска помош е пуштена дома.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top