Јапонската филијала на една швајцарска компанија соопшти дека ќе ангажира илјада паметни роботи Пепер, осмислени од француска групација.
Тоа ќе биде првпат роботи да бидат користени како продавачи, се вели во соопштение од швајцарската компанија.
Роботите од декември ќе бидат распоредени во големи специјализирани продавници во Јапонија и во продавници кои нудат Нестле-апарати за кафе.
Роботот е опремен со таблет и ќе биде способен на купувачите да им дава објаснувања за различни артикли на еден интерактивен, речиси – природен начин. Паметниот робот го креираше француската фирма „Алдебаран роботик“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.