| четврток, 6 декември 2018 |

“Големиот брат“ прв пат во Кина

84dd85fdb52a5a6dadfc9f0e62d01154

Локален видео сајт, објави дека ќе го лансира телевизиското риалити “Големиот брат” во Кина, соопштуваат светските агенции. Приватниот стриминг портал Youku Tudou соопшти дека кинеската верзија на популарното натпреварување ќе биде емитувана на интернет во текот на 10 недели од почетокот на следната година во соработка со компанијата “Ендемол Кина”, која ги има правата за ова риалити шоу. Во “Големиот брат” цимери се снимаат како живеат во голема куќа, тотално изолирани од надворешниот свет. Ова риалити шоу започна пред 15 години и се појави на телевизиските екрани во Европа, Северна Америка, Јужна Америка, Африка и некои земји од Азија.

Компанијата Youku Tudou е сопственик на еден од двата приватни кинески стриминг сајтови, кои привлекуваат младата публика. Нивниот успех се должи на помали ограничувања  на кои тие се изложени во споредба со државните телевизиски медиуми во Кина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top