| четврток, 6 декември 2018 |

„Саунд Месинџерс“ специјални гости на финалето на Мис Глоуб 2014

На покана на главните организатори на Мис Глоуб 2014 популарното дуо диџеј Ерик Фокс и атрактивната Симона Попоска која што во моментов важи за една од најубавите пејачки на македонската естрада, ќе настапат како специјални гости на последната финална вечер од изборот за убавина кој што оваа година ќе се одржи во Скадар, Албанија. Оваа грандиозна манифестација е веќе започната од 24. месецов се до големото финале кое ќе биде на 8. Ноември.

miss globe poster

На светско ниво оваа година е четириесет и првото издание на Мис Глоуб, а единаесетто во Албанија на кое ќе учествуваат 50 држави од 5 континента.

simona crown 4

И Македонија има своја претставничка прекрасната Надица Димковска од модното студио Црнокрак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top