| четврток, 6 декември 2018 |

Кина може да го намали предвидениот економски раст, смета Светска банка

раст

Кина може да го намали предвидениот економски раст на 7 проценти за идната година без тоа да го загрози вработувањето, смета Светска банка, повикувајќи ги кинеските власти да се откажат од цврсто поставените цели.

Во извештајот на Светска банка за кинеската економија се наведува дека амбициозниот план за економскиот раст идната година, кој би требало да изнесува 7,5 отсто, може да ги загрози планираните владини реформи.

По 30 години интензивен, двоцифрен економски раст, но негативно влијание на животната средина, Кина сака да усвои нов модел на раст, што ќе биде побавен но на поквалитетна основа.

Според Светска банка раст од 7 отсто е доволен да не се загрози пазарот на трудот, што е основна грижа за кинеските власти, со цел да се избегнат социјални немири.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top