| четврток, 6 декември 2018 |

Пробиен патот до ски-центарот на Кожуф

kozuf_thumb_medium500_282

Вечерва бил пробиен патот до ски-центарот на Кожуф. Како што пишува „Курир“, утре механизација за расчистување ќе го прошири патот и ќе биде фрлена сол за да може нормално да се одвива сообракајот.

Патот денеска беше затрупан од карпести одрони кои следеа по обилните снежни врнежи. Карпестите одрони беа толку големи што ни неколкумината планинари од Планинарското друштво „Кожуф“ не успеале да ги отстранат од патот.

Со тоа делницата од Смрдлива Вода кон Кожуф беше непроодна за возилата. Вечерва од 20:30 часот патот до ски центарот на Кожуф е пробиен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top