| четврток, 6 декември 2018 |

Момче кое не е ниту гладно, ниту жедно, сосема ги збуни лекарите

zdrava hrana

Пред една година Лендон Џоунс (12 години) одеднаш го загубил апетитот за храна и за вода и желбата за јадење и пиење веќе никогаш не му се вратила.

Овој случај е мистерија, тврди еден лекар од клиниката Мејо и веројатно е единствен.

Џоунс еден ден имал нормален апетит, а следниот ден се разбудил без желба за јадење и со бактериска инфекција во белите дробови.

Бактериската инфекија била излечена, но апетитот не се вратил.

Оттогаш тој загубил 15 килограми. Родителите практично го молат за секое залче, а некогаш се принудени да го хранат на сила.

Лекарите сметаат дека нешто не е во ред со неговиот хипоталамус, делот од мозокот кој го регулира гладот и некои други функции.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top