САД и нивните сојузници од меѓународната коалиција за борбата против групата Исламска држава (ИД) денеска извршија 13 воздушни напади во Сирија и Ирак врз позиции на џихадистите, соопшти Централната команда на американските вооружени сили.
САД извршиле четири напади врз ИД во Сирија во близина на градот Кобане. Тие ликвидирале помала воена единица на екстремистите и уништиле четири борбени позиции во реонот на пограничниот град со Турција.
Коалицијата изврши девет воздушни напади и во соседен Ирак. Четири од нападите биле во реонот на вештачкото езеро „Мосул“, во северниот дел од земјата и биле насочени против помала група џихадисти, воена позиција, автомобил и логистичка база на ИД.
По еден напад бил извршен и западно од главниот град Багдад, во близина на Синџар и кај Хадиса.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.