Министерот за развој на Далечниот Исток, Александар Галушка не го исклучува укинувањето на визите меѓу Русија и Северна Кореја.
-На дневен ред е ставено прашањето за безвизниот режим, но тоа нема да се случи веднаш, изјави министерот, пренесува ИТАР-ТАСС.
Инаку, од почетокот на 2014 година на Русите им е дозволен безвизен влез во Јужна Кореја. Во овој момент безвизен влез во Северна Кореја имаат само жителите на Малезија и Сингапур.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.