Најголемата социјална мрежа во светот Фејсбук ја претстави новата апликација за анонимна комуникација “Румс”. Корисниците можат да комуницираат на одредена тема под псевдоним. Освен тоа не е задолжително да имаат профил на социјалната мрежа. Името на апликација во превод значи “соби”. Секој може да отвори разговор во нив, да ја направи достапна за сите или да испрати покана за учество во неа. Портпаролот на компанијата Џош Милер објасни дека при користење на апликацијата можат да се менуваат имињата, учествувајќи во разни разговори. Во “собите ” исто така може да се објавуваат фотографии, видеа…
Програмерите, според Милер, се инспирирани од 90-тите години, кога интернетот обезбедуваше различни платформи за комуникација, кон кои беше можно секој да се приклучи анонимно и без регистрација. Апликацијата е веќе на располагање на корисниците во САД и Велика Британија, но засега е достапно само за платформите IOS од Apple.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.