Деветнаесетгодишна студентка од Кина, Ју Пенг, позната како „Ју Пенг од Шангај“ се наоѓа на необично патување по Кина. Таа одлучила во секој град да спие со различен маж. Своите планови и услови ги објавила на кинеската друштвена мрежа Веибо.
Напишала дека планира да патува низ Кина, а смештајот и превозот ќе ги плаќа во „натура“. Во секој град што ќе го посети планира да спие со друг маж. Но за мажите има посебни услови. Тие мора убаво да изгледаат, да се под 30 години и да се повисоки од 1.75 метри и секако мора да се богати.
Некои поради овој потфат ја нарекле проститутка. Таа смета дека тоа изгледа како -автостопирање.
Таа напишала „Момчињата мора да ми обезбедат превоз до нивниот град и додека сум во тој град да ми ги покријат сите мои трошоци и секако мора да бидат дарежливи кон мене. За возврат ќе ме добие целосно, целото мое внимание и прилика да ги видат во друштво со навистина убава девојка“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.