| четврток, 6 декември 2018 |

Диета со тиква – за две недели, шест килограми помалку

tikva so semki

Оваа диета е погодна во есенскиот период со оглед на тоа дека сега тиквата ја има во изобилие. Диетата трае две недели и во тој период може да ослабете шест, па дури и осум килограми. Со оваа диета не само што ќе го симнете вишокот килограми туку и ќе го исчистите организмот и ќе го подмладите телото. Тиквата содржи протеини, маснотии, јагленохидрати, пектин и минерали (калиум, калциум, железо и цинк), витамини од групата Б, потоа витамини Ц, Е, А како важните витамини К и Т, кои тешко се наоѓаат во останатиот зеленчук.

Во диетата се вклучени ужини од овошје, исто така чај или кафе без шеќер и минерална вода

Krem-Supa-TIKVA-podgotovka1

Прв ден – Појадок: каша од тиква со моркови и сок од лимон или каша од тиква со додавање житарки (ориз, просо или овес);

Ручек: супа од зеленчук со тиква (пиперки, моркови, кромид, мала количина компири, зелен лиснат зеленчук и растителни масла);
Вечера: печена тиква.

Втор ден – Појадок: салата од тиква;
Ручек: пире од тиква и супа од зеленчук;
Вечера: овошје по ваш избор.

Трет ден – Појадок: каша тиква, зеленчук салата;
Ручек: супа од зеленчук (иста како и првиот ден, но овој пат без компири);
Вечера: 2 парчиња тост и салата од тиква и од ананас.

Четврти ден – Појадок: каша од тиква, салата од зеленчук;
Ручек: супа од зеленчук и динстана блага пиперка;
Вечера: рагу од тиква, зеленчук и печурки;

Петти ден – Повторете ја диетата од почеток.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top