| четврток, 6 декември 2018 |

Во Кина ќе се намалуваат платите и бонусите на директорите

кина

Раководството на Комунистичката партија на Кина планира следните месеци да ги намали исплатите на менаџерите на најголемите државни компании, објави „Волстрит џурнал“ повикувајќи се на разузнавачки извори.

Весникот наведува дека максималната плата на раководителите на државните компании може да биде десет просечни плати во фирмата, при што таа сума во голема мера зависи од резултатите на работење на компанијата во конкретната година. Кинеските највисоки раководители можат да бидат и лишени и од бонусите како што се членство во голф и фитнес клубовите на сметка на компанијата, бесплатното лекување и друго.

Со промените ќе бидат опфатени претседателите на управните одбори, извршните директори, претседателите и нивните заменици во околу сто државни компании.

Слична шема се планира и за раководителите на помалите компании кои се под контрола на регионалните власти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top