| четврток, 6 декември 2018 |

Карантин за американските војници што се враќаат од западна Африка

Ebola in Liberia

Американските војници што ќе се вратат од мисијата за борба против ебола во земјите во западна Африка ќе бидат ставени во тринеделна изолација во американската база во Виченца во Италија како превентивна мерка, изјави портпаролот на Пентагон, полковник Стив Ворен.

Првиот контингент од 12 војници, вклучувајќи го и поранешниот шеф на американската мисија во Либерија, генерал Дарил Вилијамс, веќе се наоѓа во карантин во Виченца.

Ворен потенцира дека тие немаат никакви симптоми на смртоносниот вирус.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top