Пред две недели целиот свет очекуваше сирискиот град Кобане да падне во рацете на исламистите со оглед на тоа што Исламската држава контролираше две третини од градот. Додека сојузниците кршеа копја кој да влета на помош, следуваше позитивен шок. Кобане не само што не падна во рацете на терористите, туку во следните неколку дена борците на Исламската држава беа исфрлени од сите квартови на градот кои ги имаа под контрола. Лебдеше прашањето – што се случи? Викендот, конечно, мистеријата беше решена.
Во пресудниот момент, кога градот бил пред освојување, во борбите се приклучиле припадници на британските специјални единици познати како САС (специјална падобранска единица) Беше познато дека силите на САС заедно со американските специјални единици се распоредени како советници на Курдите во Ирак, но сега е откриено и дека активно учествувале во пресудната битка за спас на Кобане и тоа во соработка со американските единици Делта Форс.
Главната задача на британските специјалци била да ги означат целите за воздушните напади на коалициските сили предводени од САД да бидат што е можно попрецизни и да им нанесат што е можно повеќе загуби на џихадистите. Тоа го направиле извонредно, наведуваат воени извори. Исто така, успеале да означат како цел место каде што се собирале џихадисти, при што им биле нанесени големи човечки загуби. Потоа авионит биле наведени на конвој во кој имало тенкови, оклопни возила и камиони со резерви од муниција. Воени извори потврдуваат дека американските пилоти биле многу задоволни од работата на терен завршена од припадниците на САС затоа што многу прецизно ги навеле на целите поради што и бомбардирањата биле со речиси 100-процентна успешност. Токму нивното прецизно детектирање ја поттикнало коалицијата да ги интензивира воздушните напади и така Кобане бил спасен.
Британските командоси дејствувале тајно. ИСИС не знаел дека се распоредени на самата борбена линија, а како резерви за храна и вода користеле само тоа што го понеле со себе. Освен тоа, соработувале и дејствувале во соработка со бранителите на градот и успешно го сопреле страничното напредување на џихадистите.
Ситуацијата во Кобане сега е многу подобра иако и понатаму се наоѓа под напади на ИСИС. Градот е првата цел на ИСИС која не успеале да ја реализираат, а во борбите загубиле најмалку 400 борци и значајни количини борбена опрема. Во меѓувреме, се очекува да се распоредат околу 150 курдски борци од Ирак кои пристигнале со тешко вооружување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
САД воведоа нови санкции за Русија, Москва смета дека е реванш за Сирија
-
Нови напади на Сирија: Соборени 9 ракети (видео)
-
Сирија од минута во минута: Асад порача: Сиријците не се плашат од НАТО, сега видовме дека оружјето им е застарено! (видео)
-
Српски дипломат тврди: Се знаеја и времето и метите за нападите во Сирија!