| четврток, 6 декември 2018 |

Србија ќе бара реванш на неутрален терен – албанските џихадисти закана за безбедноста на фудбалерите

Srbija - AlbanijaБезбедносните служби на Србија му препорачуваат на Фудбалскиот сојуз на Србија да го избегне гостувањето на репрезентацијата на 8 окомври в година во Албанија затоа што во таа земја е загрозена безбедноста на фудбалерите. Исто така, постои опасност од терористички напади на Исламската држава на мечот што ќе се одржи во Елбасан, објавува српски „Курир“.

Извор на весникот тврди дека во последно време е засилено дејствувањето на ИСИС во регионот, што е само една од причините ФСС да побара од УЕФА мечот да се одигра на неутрален терен.

– Според информациите од терен, не постои никаква гаранција за безбедноста на нашите фудбалери во Албанија. Во последно време е значително засилена активноста на терористичката организација ИСИС во регионот и постои основана опасност да извршат напади – вели изворот за „Курир“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top