| четврток, 6 декември 2018 |

Проштално писмо со последната желба на Иранката што беше обесена поради убиство на силувачот

521637_iranka-foto-twitter-copy_ffРејхана Џабари, 26-годишната Иранк,а која беше обесена во саботата затоа што убила маж што се обидел да ја силува, уште во април годинава снимила проштална порака, кога дознала дека ќе биде убиена, а потоа ѝ ја пратила на мајка ѝ Шоле Пакраван. Преводот на пораката го објави Националниот совет за отпор на Иран.

„Драга шоле, денес дознав дека дојде моментот да се соочам  со Кисас (иранскиот закон пропишува одредени злосторства да се казнуваат на ист начин, по принцип „око за око“). Повредена сум што лично не ме известија дека сум стигнала до последната страница на книгата од мојот живот. Зар не мислиш дека треба да знам? Знаеш колку ми е срам и сум тажна. Зошто не ми даде можност уште еднаш да ви ја бакнам раката на тебе и на тато?“ вели на почетокот девојката.

– Таа кобна ноќ требаше да бидам убиена. Моето тело ќе беше фрлено во некој агол од градот и по неколку дена полицијата ќе ме одведеше кај патолог да го идентификуваш моето тело, каде што ќе дознаеше дека сум силувана. Убиецот никогаш немаше да биде најде, затоа што ние не сме богати и моќни. Тогаш би продолжила со животот во страдање и срам, а неколку години подоцна ќе умреше од тага – вели таа.

Но, место тоа работите тргнаа во друга насока. По тој кобен ден, телото не и било фрлено во некој агол, туку во гробницата наречена затвор во Евина, денешен Шахр-е Рај.

– Ме учеше дека доаѓаме на свет за да здобиеме искуство и да научиме лекција дека секое раѓање со себе носи и одредени одговорности. Јас научив дека човек понекогаш мора да се бори. Се сеќавам кога ми рече дека човек што возеше автомобил се побуни кога оној човек почна да ме бичува, а тој го удри по глава и во лице, што во моментот предизивка негова смрт. Ми зборуваше дека создавањето вредности бара да истраеме, ако треба и до смрт, продолжува девојката и додава дека мајка ѝ секогаш ја учела дека треба да се однесува како дама, но дека тоа не ѝ помогнало во ситуацијата во која се нашла.

– Кога се појавив на судењето, личев на ладнокрвен убиец и бескрупулозен криминалец. Не плачев. Не молев. Не плачев затоа што верував во законот. Но, ме обвинија дека сум рамнодушна кон злосторството – вели таа.

– Гледаш, јас дури не убивав ни комарци и исфрлав лебарки фаќајки ги за антените. Сега станав убиец со предумисла. Поради мојот однос кон животните ме прогласија за машкуданеста и судијата дури не се потруди да се позанимава со фактот дека во тоа време имав долги и лакирани нокти.

Каков оптимист бев очекувајќи правда од судијата! Оваа земја кон која ми всади љубов никогаш не ме сакала, ниту ме поддржала кога вреснав поради навредите за време на сослушувањето и морав да слушам највулгарни зборови. Кога го отфрлив последниот знак на убавина со тоа што ја избрчив главата, ме казнија со 11 дена самица.

Драга шоле, немој да плачеш поради ова што ќе го чуеш. Првиот ден кога стариот неоженет агент во полициската станица ме навреди поради моите нокти сфатив дека убавината не е тоа што се бара во ова време. Убав изглед, убави мисли и желби, убав ракопис, убави очи и сфаќања, па дури и убав глас.

Драга мајко, мојата идеологија се промени, а ти не си виновна за тоа. Моите зборови немаат крај и сѐ дадов да ви предадат ако бидам погубена без ваше присуство и знаење, пишува Рејхан.

Во пораката ја пишува и последната жеба:

– Не сакам да скапувам во земја. Не сакам моите очи и моето младо срце да се претворат во прав. Ве преколнувам штом бидам обесена, организирајте моето срце, бубрезите, очите, коските и се што може да се трансплантира да биде извадено од моето тело и да им бидат дадени на некои на кои им се потребни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top