| четврток, 6 декември 2018 |

И денеска студено со слаб ветер

esen

Променливото време со сончеви периоди продолжува и во вторник. Повторно централниот крај очекува нешто подолги периоди со намалена облачност. Во текот на вечерта ќе има мало зголемување на облачноста во јужниот крај, а со тоа ќе се создадат услови за сосема слабо проврнување во овој регион. Во првиот дел од денот ќе дува слаб ветер, генерално, од север, додека попладне ветерот ќе биде претежно југоисточен.

Според метеопро.мк, дневниот максимум на температурата на воздухот ќе достигне вредност 11 Целзиусови степени во северната половина на земјата. Во котлините од југозападниот регион максималната ќе достигне 12 Целзиусови степени, а во југоисточниот регион 14 Целзиусови степени.
Во скопскиот регион денот ќе биде умерено облачен со подолги сончеви периоди. Дневниот максимум на температурата на воздухот ќе достигне вредност до 12 Целзиусови степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top