| четврток, 6 декември 2018 |

Џорџ Клуни и Амал направија уште една свадба

Copy-of-hitportal-kluni-1-620x823

Џорџ и Амал Клуни се венчаа по втор пат во Лондон, пишува “Дејли мејл”. Родителите на невестата организирле прием за над 200 лица, кои не успеале да присуствуваат пред еден месец на церемонијата во Венеција.

Амал Клуни блескала во раскошен златен фустан. Церемонијата се случила во луксузна палата со поглед кон Темза во предградието на Лондон. Посебно за моментот биле измислени коктели. Пијалокот кој карактеризирал Клуни, бил микс од текила, вотка, ѓумбир и лимонада. Коктелот со името на Амал пак содржел вотка, ликер маракуја и сок од лимон.

Многу од гостите пристигнале од родниот на невестата Либан, Саудиска Арабија и Бахреин. Меѓу нив можело да бидат видени и Бред Пит и Анџелина Џоли, кои не можеа да одат во Венеција.

И двајцата сакале да направат венчавка и во Велика Британија, за да му оддадат почит на поширокот  круг од роднините и пријателите на невестата, која живее и работи во Лондон. Дури неодамна Амал беше избрана за “највлијателната жена во Лондон”. По прославата двајцата ќе живеат во новиот семеен дом во Велика Британија, грофовијата Бакингам.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top