| четврток, 6 декември 2018 |

Новинар избоден со нож во Приштина

Новинарот на косовската телевизија „Клан“, Миљот Хашимја, денеска бил избоден со нож во просториите на редакцијата на телевиската куќа.

Телевизијата информира дека напаѓачот влегол во редакцијата и со нож го нападнал Хашимја на неговото работно место.

Веднаш по инцидентот, косовската полиција го уапсила напаѓачот, а Хашимја е пренесен в болница, каде што по укажаната медицинска помош е утврдено дека тој е надвор од животна опасност.

Косовските медиуми наведуваат дека Хашимја, најверојатно, бил нападнат бидејќи не било исполнето барањето на напаѓачот телевизијата да избирше едно видео од „Јутјуб“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top