| четврток, 6 декември 2018 |

ЕЦБ повторно со основна каматна стапка од 0,75 проценти

evropska-centralna-banka2Советот на гувернерите на Европската централна банка (ЕЦБ) одлучи да ја задржи нејзината основна каматна стапка на ниво од 0,75 проценти. Дел од стручњаците оценуваат дека со ваквата одлука ЕЦБ се откажала од давањето дополнителен поттик на економијата во еврозоната која се наоѓа во рецесија.

Берзите засега не реагираа на одлуката на Советот на ЕЦБ во очекување на обраќањето на претседателот на Банката, Марио Драги, кој треба да ги објави прогнозите на оваа финансиска институција за економските перспективи на еврозоната.

Стручњаците проценуваат дека Драги, најверојатно, ќе побара од земјите-членки на еврозоната што се наоѓаат во длабока криза да ги исполнат поставените услови за спроведување на строгите мерки за штедење доколку сакаат да добијат помош од ЕЦБ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top