| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватска: 2.000 шпедитери ќе добијат откази во јули

spedicijaПрви  јули, кога Хрватска ќе стане нова членка на ЕУ, за околу 2.000 вработени во шпедитерските фирми ќе биде „црн понеделник“, со оглед на фактот дека ќе останат без работа. Со влезот на Хрватска во Европската царинска унија значително ќе се намали потребата за шпедитерски работи. Со оглед на фактот дека повеќе од 60 отсто од надворешно-трговската размена на Хрватска се одвива со држави од ЕУ, по либерализацијата на граничниот и царинскиот систем, обемот на работа на домашните шпедитери ќе се намали и до 80 проценти, а работите на повеќето вработени во овој сектор ќе станат бескорисни.  Иако не постојат егзактни податоци, се претпоставува дека без работа во шпедитерскиот сектор може да останат меѓу 50 и 80 проценти од вработените, што значи 2.000 нови откази во заглибената национална економија, пишува весникот „Вечерњи лист“. Отказите би можеле да почнат веќе од крајот на овој и почетокот на следниот месец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top