Шест нови инвестиции во вредност од 10 милиони евра, од кои две странски, ќе вработат 500 лица во општина Илинден.
Општинската прес-служба денеска соопшти дека на последното електронско јавно наддавање, за отуѓување градежно земјиште во локалните економски зони во Илинден, компаниите „МАН импортер“ и „Атлантик трејд“, од Хрватска и домашните фирми „Мобико“, „Кам фуд“ и „Тотал логистик“ добиле градежни парцели, каде ќе градат стопански објекти.
– Со новите инвестиции ќе продолжи инвестицискиот циклус карактеристичен за општина Илинден последниве неколку години. Новите, како и проширувањето на постоечките инвестиции ќе придонесат за брз и одржлив локален економски развој и отворање нови слободни работни места, а со тоа и поквалитетен живот на жителите на општината и регионот – се вели во соопштението.
„Атлантик трејд“ ќе гради дистрибутивно логистички центар, во кој покрај магацинскиот е предвиден и деловен простор. Целата инвестиција во вредност од 2.000.000 евра, ќе отворањи 100 нови работни места.
„МАН импортер“, пак, ќе гради продажно сервисен центар вреден, 2.000.000 евра во кој ќе бидат вработени 100 лица.
Домашната компанија „Тотал логистик“ на електронското јавно наддавање купила две градежни парцели, на едната треба да изгради фабрика за производство на кондиторски производи, а на другата логистичко дистрибутивен центар. Вкупната инвестициоја изнесува 3 милиони евра, а ќе бидат отворени 150 работни места.
Логистичко дистрибутивен центар, како и простории за дирекцијата ќе гради и компанијата „Кам фуд“, за што ќе бидат вложени 2 милиона евра и ќе се отворат 150 работни места.
Фирмата „Мобико“ која што се занимава со услуги во делот на информатичката технологија во својот нов објект во кој ќе бидат вработени 10 лица ќе вложи 1 милион евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.