| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Апелација ќе реши дали ФБИ ќе се вклучи во „Монструм“ (видео)

grujo

Премиерот Никола Груевски потврди дека со неговиот коалициски партнер, лидерот на ДУИ Али Ахмети, разговарале за вклучување на ФБИ во случајот „Монструм“, во кој шестмина се осудени на казна доживотен затвор за петкратното убиство кај Смилковско Езеро. Но, според Груевски, одлуката за евентуално ангажирање на американското Федерално биро за истраги е во рацете на Апелацискиот суд.

– Единствено тој може да го повика ФБИ да биде дел од меѓународна експертиза на судскиот процес. Тоа е работа на судот, во случајот на Апелациски, и негова и само негова може да биде одлуката дали ќе повика некој да дојде, а пак тој што ќе биде повикан, негова ќе биде одлуката дали ќе прифати – вели Груевски.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top