| четврток, 6 декември 2018 |

Стинг: Сексот ми трае седум часа!

sting i trudi stajler

Славниот британски пејач Стинг, кој неодамна наполни 63 години, изјавил дека со својата сопруга Труди Стајлер редовно практикуваат тантрички секс. Тоа е древна азиска дисциплина преку која духовно се поврзува со партнерот, а сексот трае прилично долго.

– Тоа е за мене духовен чин и знае да потрае до седум часа – изјавил пејачот и додал дека во тие седум часа се вклучени и филм и вечера.

Стинг е главниот текстописец и пејач во бендот „Полис“. Има продадено повеќе од 100 милиони плочи и има добиено многубројни награди, меѓу кои и 16 награди „Греми“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top