| четврток, 6 декември 2018 |

Пејачката Дона Арес со потресни фотографии од болница (фото)

Популарната босанска пејачка Дона Арес неодамна објави дека веќе некое време се бори со ракот, а сега со своите фанови и пријатели сподели фотографии од болница.

Таа моментално е на хемотерапија, но не се откажува од борбата.

– Првата прошетка (по ходници) по 8 часа примање на првата хемотерапија!!! Се чувствувам одлично… ги следам сите ваши пораки, но не можам да ви пишам… рацете ме болат од боцкање. Секоја чест за Одделот за онкологија во Сараево, секоја чест на медицинските сестри и докторите кои  внимаваат не само на мене, туку на сите нас – напиша таа под фотографијата на „Фејсбук“.

donacancer

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top