| четврток, 6 декември 2018 |

Нина Бадриќ воодушевена од Елена Ристеска

По успешните имитации на Северина Вучковиќ и на Бритни Спирс, во синоќешната епизода на музичкото шоу „Твоето лице звучи познато“ Елена Ристеска ја имитираше хрватската пејачка Нина Бадриќ.

Имитацијата на Елена не остана незабележан, прво од членовите на жирито кои го пофалија нејзиното пеење, а и од самата Бадриќ.

Бадриќ веднаш по настапот на Елена на нејзината фан-страница на „Фејсбук“ објави фотографија од Елена и напиша: Браво за Елена Ристеска, особено за пеењето, „Go Girl“.

Во четвртата епизода од музичко шоу, единствената претставничка од Македонија, пејачката Елена Ристеска ќе ја имитира  популарната Кристина Агилера.

Screenshot_1157

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top