| четврток, 6 декември 2018 |

Познат руски историчар ископувал тела на починати девојчиња, ги облекувал како кукли и им славел родендени

poznat-istorichar-iskopuval-mrtvi-tela-na-devojchinja-5

Руското Министерство за внатрешни работи објави фотографии од куќата на некогаш угледен историчар кој од гробови ископал посмртни остатоци на дури 150 девојчиња. Мртвите тела историчарот ги облекувал како кукли. Морбидниот историчар им ги прославувал родендените на починатите девојчиња организирајќи најразлични морбидни прослави.

Четириесет и шестгодишниот Анатолиј Москвин беше уапсен во 2011 година кога било откриено дека ископал тела на девојчиња од 3 до 12 години. Тој ги носел дома каде што ги мумифицирал. Инспекторите пронашле ходник полн со венчаници во разни бои. Телата на мртвите девојчиња биле насекаде низ собата облечени во свечена облека…

poznat-istorichar-iskopuval-mrtvi-tela-na-devojchinja-4
Оваа недела судот на Москва го прогласил за ментално неспособен за следење на судскиот процес, па било наредено да биде префрлен на лекување во психијатриска установа.

poznat-istorichar-iskopuval-mrtvi-tela-na-devojchinja-3
Москвин инаку зборува 13 јазици и на судот бил опишан како гениј. Во својата морбидност, на телата на девојчињата им давал нови имиња и организирал родендени за секое од нив. Не е познато од кои причини започнал да го прави тоа. 

poznat-istorichar-iskopuval-mrtvi-tela-na-devojchinja-2 poznat-istorichar-iskopuval-mrtvi-tela-na-devojchinja-1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top