| четврток, 6 декември 2018 |

Црна Гора враќа контаминирано млеко

mleko

Црна Гора ќе ѝ врати 500 тони млеко со афлатоксин на Србија.

Спасо Поповиќ, помошник-директор на Управата за инспекциски работи, за подгоричкиот весник „Дан“, изјавил дека од Србија се увезени 600 тони млеко, а се очекува дека ќе бидат вратени меѓу 400 и 500 тони откако, како што тврди, анализите во центарот на екотоксиколошки испитувања покажале дека тоа е контаминирано.

– Сега треба да се средат документите бидејќи постои процедура кога се враќаат производи од нашата држава. Во овој случај е изработена царинска постапка, а млекото само треба да се врати на испорачателите. Ние веќе испративме допис до српската Ветеринарна управа, со образложение, што сè е неопходно за увозникот да ја врати стоката од Црна Гора – рече Поповиќ.

Во врска со домашното млеко, Поповиќ изјави дека тоа нема да биде уништено бидејќи нема резерви за кои е утврдено дека се неисправни.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top