Швајцарија петпат го зголеми извозот на сирење во Русија, откако Москва забрани увоз на храна од ЕУ, како одговор на санкциите од Западот, објави весникот „Швајц ам зонтаг“.
Според весникот, во септември 2013 година, швајцарските производители испорачаа на Русија 28 тони сирење, а во септември 2014 година, дури 160 тони.
Производителите, меѓутоа, се плашат дека по укинувањето на руското ембарго пазарот ќе го преземат компании од ЕУ затоа што швајцарските производители сакаат да извезуваат и поскапи сирења.
Москва ова лето воведе едногодишна забрана за храна од земји што воведоа санкции кон Русија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


