| четврток, 6 декември 2018 |

Нормализиран сообраќајот на патот Радовиш – Конче

amsmПатниот правец Р2433 Радовиш – Конче е нормализиран за сообраќај откако беше расчистено свлечиштето, информираат од АМСМ.

Поради тоа, сообраќајот за патничките возила се одвиваше по една коловозна лента, а за тешките товарни возила имаше забрана за сообраќај.

Сообраќајот на сите останати патишта во Македонија се одвива без забрани, по претежно суви коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, приспособена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде што е можна почеста појава на одрони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top