| четврток, 6 декември 2018 |

Во Босна шпионираат 1.000 агенти на исламските земји

islamisti_710182S1 (1)Западните разузнавачки служби имаат информации дека во БиХ има 650 припадници на иранската безбедносна служба, но и на безбедносните служби на некои исламски земји.

Службите на БиХ, пак, располагаат со уште 330 имиња на странски шпиони, со што бројката се искачува на 1.000 тајни агенти.

Приказната почнува од времето пред војната во Босна, кога иранските власти веднаш воспоставиле добри односи со партијата на Алија Изетбеговиќ, која сега ја раководи неговиот син Бакир, вторпат избран во претседателството на БиХ.

Во исто време Иран ги понуди своите услуги, вклучувајќи и воени и разузнавачки, без оглед на тоа што станува збор за шиитска држава, додека босанските муслимани се сунити. Техеран тогаш сфатил дека му се дава единствена шанса во срцето на Европа да воспостави ќелии преку кои би можел да ги координира своите операции на овие простори. Во тој план се нашла и Хрватска, па Иран брзо ја призна самостојноста на оваа поранешна југословенска република, по што отвори и амбасада со голем број дипломатски персонал. Освен тоа, во Хрватска тогаш беше воспоставена широка мрежа на „хуманитарни организации“, кои нуделе помош на голем број бегалци, пред сè на тие од Босна. Но, брзо се покажало дека поголемиот дел од нив се занимаваат исклучително со шпионирање. Поради тоа хрватската влада на многу од тие организации им го укинала одобрението за работа, но дел од нив, сепак, останале активни и биле поврзани со вооружувањето на Бошњаците во 1994 година со иранско оружје, во што бил вмешан и тогашниот американски амбасадор во Хрватска со премолчено одобрение од хрватските власти. Денес, иранската амбасада во Загреб има размерен број дипломатски претставници.

Под притисок на западните разузнавачки служби, БиХ презеде мерки за ублажување на влијанието, па поради тоа минатата година биле протерани двајца ирански дипломати. Сепак, и по тоа ситуацијата не е смирена. Иранската тајна служба гради силни контакти со вахабиите селафисти во Горна Маоча, иако тие им се големи непријатели на домашен терен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top