| четврток, 6 декември 2018 |

Американски сенатор зборуваше цели 12 часа

Американскиот сенатор Ренд Пол зборуваше на говорницата на Сенатот цели 12 часа во обид да го спречи именувањето на Пол Бренен за директор на ЦИА

032
Ренд Пол се јавил за збор претпладнето во средата искористувајќи го правото на опструкција, кое долго не се кориситело во Конгресот на САД.
Тој бараше да добие јасно ветување од претседателот Барак Обама дека беспилотните летала нема да бидат користени за ликвидирање американски државјани на американско тло. Сенаторот Пол, кој се смета за можен претседателски кандидат во 2016 година, своето обраќање го почна околу пладне, а го заврши по полноќ.

Предложи резолуција со која се бара Конгресот да прифати дека нападот со беспилотно летало на американска територија, врз американски државјани кои не претставуваат итна закана за безбедноста на САДе спротивен на Уставот и дополнително побара од претседателот Обама да го објасни својот став по ова прашање.

Белата куќа одби јасно да се обврзе дека нема да дозволи вакви ликвидации и на американска територија, наведувајќи дека е можно тоа да биде дозволено во вонредни услови.

За време на своето обраќање, Ренд Пол не смееше да седне, да се оддалечи од говорницата, ниту да оди во тоалет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top