Вработениот во МВР кој учествувал во вчерашната престрелка во скопско Кондово, во која повредени беа четири лица, користел службен пиштол, потврди полицијата.
Во инцидентот учествуваше и припадник на професионалните војници на АРМ, но засега нема информации дали и тој го употребил службеното оружје.
МВР се уште се обидува да ги утврди точните мотиви за инцидентот и нема поднесено кривични пријави против учесниците. Сите повредени, од кои двајца потешко, и натаму се наоѓаат на болничко лекување и се надвор од животна опасност.
Полицијата утврди дека во инцидентот се користеле четири различни пиштоли.
Неофицијално, како мотив за пресметката се наведуваа партиски превирања на два спротивставени табори во огранокот на ДУИ во Сарај, внатрепартиските избори за лидер на огранокот, но и битка за работни места и прераспоредување во служба.
ДУИ денеска негираше партиска позадина на инцидентот и ги критикуваше новинарите за шпекулативните информации објавени по престрелката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


