Екипата на Наполи се разлути по серијата лоши игри и резултати и ја декласира Верона со 6-2 во меч од осмото коло во Серија А. Гостите поведоа со 1-0 уште во првата минута со голот на Халфредсон, а потоа следеше дебакл за Верона. Хамшик постигна два гола, Игуаин забележа хет-трик, а голеадата ја доплни и Калјехон со еден погодок.
Лацио забележа нов триумф во Калчото во дуелот со Торино, а домаќините славеа со 2-1. Во вечернито термин успех забележа и Интер со 1-0 на гости кај Чезена.
Претходно лидерот Јувентус рутински го надигра тимот на Палермо со 2-0, со идентичен резултат Удинезе ја победи Аталанта, додека Џенова со пресврт освои бодови во Верона против Киево со триумф од 2-1.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



