Од денеска до вторник во Белград престојува делегација на Друштвото на писателите на Македонија која ќе потпише договор за соработка со Здружението на писателите на Србија. Договорот е подготвен врз основа на разговорите што двете асоцијации ги имаа во Скопје, во почетокот на јуни годинава. Документот, што ќе го потпишат претседателот на ДПМ Веле Смилевски и претседателот за ЗПС Радомир Андриќ, предвидува проширување и интензивирање на соработката меѓу двете асоцијации и поттикнување на издавачките куќи, списанијата и книжевните манифестации за активности во областа на преведувањето на литературни дела од македонски на српски и од српски на македонски јазик.
Членовите на делегацијата на ДПМ Веле Смилевски, Раде Силјан, Кочо Топузоски, Христо Петрески и Славе Ѓорѓо Димоски ќе настапат на кневното пладне закажано за во вторник во Домот на Здружението на писателите на Србија во Белград. Делегацијата ќе ја искористи можноста за контакти со претставници на писателски асоцијации од други земји од регионот и Европа, присутни на белградскиот Меѓународниот саем на книгата кој трае до крајот на октомври.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот
-
Кувелис: Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент


