| четврток, 6 декември 2018 |

Крива паланка зема 32 илјади евра кредит за енергетска ефикасност

крива паланкаОпштина Крива Паланка ќе се задолжи со краткорочен заем од 32 илјади евра  за потребите при имплеменација на проектот „Јавните институции-енергетски ефикасни“, поддржан од ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Бугарија. Заемот ќе биде обезбеден преку Македонската банка за поддршка на развојот.

Рокот на отплата ќе изнесува максимум една година, со вклучен грејс период од 6 месеци и каматна стапка, која нема да биде повисока од 5,75 процентни поени годишно. Исплатата на заемот ќе биде извшена преку ИПА програмата, а каматата ќе ја надомести ООУ„Илинден“, кој е имплементатор на проектот.

Инаку, проектот „Јавните институции – енергетски ефикасни“, Општинското основно училиште „Илинден“ го реализира во партнерство со Центарот за јавна поддршка од Дупница, Бугарија. Со него е предвидена изработка на техничка документација за енергетска ефиканжсност за вкупно 16 јавни општински институции од овој пограничен регион, со цел да се намали потрошувачката на електрична енергија и да се искористат обновливите извори на енергија.

– За електрична енергија на овие институции од општинскиот буџет на Крива Паланка месечно се издвојуваат по околу 6.000 евра, а доколку се овозможи нивна енергетска ефикасност трошоците ќе се намалат за околу 50 отсто. По изготвената докуметација, секоја институција ќе може да бара финансиска поддршка од донатори и фондови, истакнува координаторот на проектот Добри Јовевски.

Проектот вклучува и студиска посета на Словенија, како земја со одлично искуство и добри практики за енергетска ефикасност, а предвидена е и донаторска конференција за изнаожѓање на заинтересирани инвеститори.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top