| четврток, 6 декември 2018 |

Улицата на три религии (фото)

цг1Во иста улица џамија, католичка и православна црква. Тоа е пример за соживот во црногорско Гусиње, објави агенцијата Анадолија репортажа за ова градче во Црна Гора.

Во време кога човечките и верските односи се нарушени, малку примери посочуваат на соживотот меѓу различните вери и убедувања. Во тие ретки примери е и црногорското градче Гусиње, каде се чува традицијата на уважување на секоја религија која гравитира околу градот на граница со Албанија.

На иста улица во градот од четири илјади луѓе се наоѓаат џамија, католичка и православна црква. За грашѓаните, тоа е вистинско богатство.

цг2На почеток на Гребајската улица се наоѓа Везировата џамија, најстара во градот со мнозинство муслиманско население. Ја изградил скадарскиот везир на почетокот на 15-тиот век.

цг3На 50 метри низ улицата, кралот Александар во 1926 година ја изградил српската православна црква. Малку подолу е сместена и католичката црква Св. Антон. Изградена е во 1933 година.

цг4Најстарите жители на Гусиње велат дека сите вери и нации од градот секогаш живееле во слога кога им било најтешко. Војните и природните несреќи само повеќе ги зближувале. Дека тој соживот продолжува се истакнува и со примерот дека за реновирање на црквата донирале граѓани од сите конфесии, донирале и католици и муслимани.

Табелата на влезот во Гусиње која ги покажува насоките кон џамијата и двете цркви е само доказ дека различностите може да бидат шанса луѓето подобро да се разбираат и да живеат во мир, се вели на крај на репортажата објавена од агенцијата Анадолија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top