| четврток, 6 декември 2018 |

Заврши најдолгата американска воена операција- војниците го напуштија Авганистан

U.S. servicemen sit after boarding a transport plane before leaving for Afghanistan at the U.S. transit center at Manas airport near BishkekПоследните единици на американските маринци и на британските воени трупи го напуштија денеска Авганистан. Со тоа и офицјално заврши воената операција во таа земја.

Британските и американските војници ги спуштија знамињата ги напуштија големите воени бази кои ги предадоа на авганистанската војска. Поминаа 13 години од туркањето на талибанскиот режим, откако во 2001 САД тргнаа во најдолгата војна во својата историја.

Според британскиот ББЦ знамето на ВБ е спуштено во војниот камп Бастион, кој истовремено со соседниот американски камп Ледернек во пустинската провинција Хелманд ќе биде предаден на Авганистанците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top