| четврток, 6 декември 2018 |

Амфилохије: Ја прифаќам наградата „Хомофоб на годината“

amfilohieЦрногорската невладина организација на ЛГБТ заедницата „Квин Монтенегро“ го прогласи митрополитото на СПЦ и Црна Гора Амфилохије Радовиќ за „Хомофоб на годината“. Наградата се доделува по анкета спроведена меѓу членовите на ЛГБТ заедницата.

Амфилохије, по веста за оваа награда, се огласи дека ја прима со задоволство, како и дека тоа му е едно од „најдрагите“ признанија и признал дека „ги мрази хомосексуалците“.

Вчера при црквена литија во Подгорица, посветена на семејството и раѓањето деца, тој оцени дека престојната парада на ЛГБТ заедницата во Подгорица закажана за 2 ноември „парада на смртта и уништувањето, а не парада на гордоста“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top