| четврток, 6 декември 2018 |

Пицула: Балканот во ЕУ по 2020 година

tonino-picula_epЕвропската унија ќе ја оценува идната власт во Босна и Херцеговина, која ќе се формира по одржаните избори, врз основа на нејзината работа и посветеност кон обврските и задачите кои ги поставува Брисел, изјави хрватскиот европратеник и поранешен министер за надворешни работи Тонино Пицула.

– Партиите кои победија се избор на граѓаните на БиХ. Власта која ќе се формира ќе биде одговорна пред граѓаните на БиХ, но институциите на ЕУ очекуваат од БиХ, како и од сите земји кои го минале тој пат, да ги изврши обврските. По тоа ќе се мери веродостојноста на властите во БиХ и доколку работи според стандардите на ЕУ, ќе ја има довербата на Брисел, вели Пицула во интервју за новинската агенција Анадолија.

– Девет земји се во чекалната, а за жал БиХ, заедно со Косово, се на самиот крај. Тоа не е паушална оценка, туку аргументирано тврдење. Мислам дека тоа јасно покажува дека причина за стагнацијата на БиХ е недостиг на политичка волја, објаснува Пицула, додавајќи дека Хрватска и натаму ќе заговара влез на сите земји од регионот во Унијата.

– Тоа е првостепен хрватски национален интерес. Хрватска во овој момент граничи со три држави кои се на различен степен во преговорите со Брисел – Србија, Црна Гора и БиХ. Крај на хрватската транзиција не е 1 јули 2013 година кога стана членка на ЕУ, туку крај на транзицијата ќе биде датумот кога и последниот сосед ќе влезе во ЕУ, поенцира Пицула.

Сепак, признава дека политиката на проширување веќе некое време не е приоритет на Унијата, дополнувајќи дека многу граѓани од земјите членки сметаат дека новите членки би придонеле за економска и социјална криза.

– Една од причините е стравот на граѓаните од постарите земји членки дека проширувањето донело социјална несигурност во поглед на работните места и опаѓање на квалитетот на јавните сервиси. Граѓаните, под притисокот на десните популистички партии, прифатија дека причина за тоа се проширувањата во 2004 и 2007 година. Верувам дека тоа не е така. За тоа не е виновно проширувањето, бидејќи пропширувањето е една од најуспешните политики на ЕУ од нејзиното оснивање, вели Пицула. Тој смета дека земјите од Западен Балкан ќе бидат во ЕУ после 2020 година.

– Мислам дека повторно ќе се случи „big bang“ односно големо проширување, кое временски можеме да го лоцираме после 2020 година. Верувам дека во следните пет години во змејите од регионот ќе бидат искористени за да се спроведат сериозни реформи со цел земјите од ЕУ да се уверат дека е дојдено време за ново проширување, смета хрватскиот европратеник.

Тој, на крајот уште оцени, дека ЕУ ќе биде комплетна само со приклучувањето на Турција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top