Премиерот на Сингапур Ли Хсиен Лунг, земја која има само 710 километри квадратни и нешто повеќе од пет милиони жители, со години е прв на листата најплатени светки лидери. Неговата годишна плата од над два милиони долари е еднаква на вкупните примања на неколку челници на поголеми земји, вклучувајќи го и прeтседателот на Кина Кси Џинпинг, за кого се проценува дека годишно заработува околу 40 илјади долари и од американскиот претседател Барак Обама, кој во најголемата светска економија годишно заработува околу 400 илјади долари.
Пропорционално најбогат лидер во светот е претседателот на Кенија Ухуру Кенјата, кој заработува речиси исто како и Обама- 425 илјади долари годишно. Но, за разлика од платата на Обама, која е осум пати поголема од онаа на просечниот Американец, платата на Кенјатa е дури 240 пати повисока од просечната плата на неговите сограѓани.
На другиот крај на оваа листа е индискиот премиер Манмохан Синг, кој заработува само неколку илјади долари месечно иако предводи една од најбрзо растечките економии во светот. Претседателот на Тунис Монсеф Марзуки доброволно си ја намали месечната нето плата за 2/3 од претходните 9.100 евра затоа што неговата земја се бори со тешка финансиска ситуација.
Рускиот претседател Владимир Путин пак, кон средината на април одлучи самиот да си ја покачи платата себе си и на премиерот Дмитриј Медведев за два и пол пати. Својата нова плата од 196 илјади евра годишно, како и платата на Медведев од 277 илјади евра годишно, Путин ја објаснува со фактот дека тие досега биле фактички најниско платени претставници на највисоката власт. Нивната плата не била зголемена при последното покачување на платите на државната администрација, така што сега се врши „усогласување“.
Функционерите во меѓународните институции можат да им позавидат на платите на европските челници. Годишните примања на генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун, се 7,5 отсто пониски од платите на европските комесари и 27 од претседателот на Европската централна банка. Најдобро платен функционер е претседателот на ЕЦБ, Марио Драги, кој заработува 374.124 евра гдишно, а европските комесари пак, околу 255.000 евра.
Европските лидери, пак, во однос на бриселските претставници заработуваат многу поскромна сума, Меркел годишно зема 204.192 евра, британскиот премиер 173.323, а најдобро платен италијански државен функционер е претседателот на италијанскиот совет со 207.630 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


