
Враќањето на часовникот еден час наназад, односно воведувањето на зимското сметање на времето е лошо за здравјето, доведува до губиток на енергијата и ја зголемува загаденоста. Со оваа промена, исто така, се краде еден час светлина од попладнето, при што доаѓа до зголемена потрошувачка на енергијата за осветлување (недостиг на природна светлина) и се ограничуваат човечките активности надвор од домот (шетање, занимавање со спорт и слично). Сето тоа му штети на здравјето, а негативно влијае и на природната средина.
Со зимското сметање на времето, луѓето стануваат во мрак, голем дел од дневната светлина ја пропуштаат престојувајќи во затворени простории на работа, а околу 17 часот повторно настапува темницата. Поради тоа, голем број луѓе имаат проблеми со будењето, а нарушувањето на биолошкиот часовник, освен на заморот, влијае и на работењето на бубрезите и на метаболизмот, и ги прави луѓето подепресивни, утврдиле научниците.
Некогаш се потребни и до четири недели за да се адаптира „внатрешниот часовник“, а во ситуации кога треба да се будиме порано, очигледна е намалената продуктивност.
Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), во периодот кога се поместува сметањето на времето, луѓето се најчувствителни и најподложни на депресија. Тогаш се најизразени и нарушувањата во спиењето, а се зголемува и бројот на пациенти со зголемен крвен притисок, па дури и инфаркти и мозочни удари.
Една од причините поради која луѓето стресно ја доживуваат промената на сметањето на времето е фактот што најчесто не им е јасно зошто воопшто се менува и како дошло до тоа.
Треба да имате на ум дека речиси половина од светската популација има ниво на витамин Д во крвта кое е под оптималното. Недостигот на овој витамин, кој се нарекува и „витамин на сончевата светлина“, претставува утврден ризичен фактор за рахитис, а има и индиција дека ќе го зголеми ризикот од автоимуни болести.
Научниците пресметале дека кога не би поминувале на зимското сметање на времето, би уживале во 300 дополнителни часови дневна светлина годишно. Тоа би ги направило луѓето порасположени, поенергични и помалку болешливи, какви што се во текот на подолгите сончеви летни денови.
Кога се поместува часовникот научниците велат дека најлошо поминуваат оние кои имаат секојдневно ист дневно-ноќен ритам, си легнуваат и стануваат и ги извршуваат вообичаените активности во исто време и тоа секој ден. Кога ќе се смени времето, овој ритам се нарушува, а како последица на тоа се јавува, пред сè, нарушување на сонот, односно несоница и вознемиреност. Овој факт е уште подраматичен бидејќи милиони луѓе во светот веќе страдаат од некакво нарушување на спиењето. Исто така, продолжениот недостиг на сон може да доведе до низа здравствени проблеми, вклучувајќи кардиоваскуларни болести, дијабетес и губиток на меморијата, а, секако, постои и зголемена шанса за повреда на работното место или за предизвикување сообраќајна несреќа.
И срцевите удари се почести
Истражувањата покажуваат дека срцевите удари се зголемуваат за пет отсто во првите три недели по поместувањето на сметањето на времето, како резултат на скратување на сонот. Поместувањето на времето доведува токму до ова. Затоа бидете внимателни!
Од друга страна дополнителен проблем за организмот е тоа што поместувањето на сметањето на времето се случува наесен кога се менува и климата, еден од главните виновници што луѓето се депресивни, сонливи, изморни, што чувствуваат ревматски болки и други здравствени проблеми. Голем дел од тегобите, како што се зголемениот крвен притисок, мозочните удари и инфарктите се поврзани со промената и на воздушниот притисок кој е поврзан со временските промени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


