| четврток, 6 декември 2018 |

Отворен реновираниот музејот на Пикасо во Париз (фото)

pablo pikaso muzej

Денеска во Париз, Франција по пет години потполно реновирање е отворен музејот посветен на големиот шпански уметник Пабло Пикасо. Со отоворање на Музејот се одбележува и годишнината од раѓањето на Пикасо, 25 октомври 1881 година.

pablo pikaso1

Реновираниот музеј може да прими двојно повеќе посетители и има 37 изложбени сали со повеќе од 600 дела на Пикасо – 297 слики и 368 скулптури.

pablo pikaso muzej2

– Музејот на Пикасо е еден од најубавите на светот бидејќи во него се наоѓаат дела кои се настанати од раката на еден од најпознатите уметници на 20. век. Уметниците се соочуваат со нетолеранција и глупост кои можат да ги уништат нивните дела – изјави на отворањето претседателот на Франција, Франсоа Оланд.

pikaso muzej

Тој додаде дека Пикасо ја сакал Франција и иако тој немал француски пасош, тој претставува гордост на Франција.

Реновирањето на Музејот чинел 52 милиони евра од кои 19 ги дала државата. Музејот до сега заработил 31 милион евра со изнајмување на делата на Пикасо на други музеи.

pikaso muzej1

Пикасо (1881-1973) бил сестран уметник и еден од најголемите сликари, вајари и графичари на 20. век. Заедно со Жорж Брак се основачи на ликовниот правец кубизам. Музејот на Пикасо е посветен на животот и на делото на овој шпански уметник и на другите кои се поврзани со неговото име а меѓу нив се и Брак, Салвадор Дали и Марсел Дишан.

pikaso muzej2

Пикасо е најполеден сликар на сите времиња. Според Гинисовата книга на рекорди тој насликал околу 13.500 слика, 100 илјади графики, 34 илустрации за книги и 500 скулптури. Вкупната вредност на неговиот опус во 1973 година е проценета на 750 милиони долари.

pikaso muzej3

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top