Вчера вечер, околу 18,30 часот на автопатот Куманово-ГП„Табановце“, поточно под надвозникот од ул. „11-ти Октомври“, се случила сообраќајна незгода во која непознато лице управувајќи ПМВ со странски регистарски ознаки, удрило во пешакот Марија Н.(32) од Куманово и по незгодата го напуштило лице местото. Од здобиените повреди пешакот Марија Н. починала на самото место. Увид на лице место извршиле ЈО и екипа од СВР-Куманово при што е идентификувано возилото и истото сѐ уште се наоѓа на територија на Македонија. СВР Куманово работи на пронаоѓање на возачот и возилото. По наредба на ЈО, телото нa починатата е дадено на обдукција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.