| четврток, 6 декември 2018 |

Рафиз Алити: Пукањето не е во ДУИ, туку во кафеана

Rafiz-Aliti-1

Синоќа немало состанок партискиот огранок во Сарај, тврди потпретседателот на Собранието и висок функционер на ДУИ од Сарај, Рафис Алити. Според него вооружената престрелка се случила во кафеана во Кондово.  Рафиз во изјава за „Утрински весник“ вели дека пукотницита избила меѓу активисти на ДУИ, но причина за тоа не биле несогласувањата меѓу него и поранешниот министер за правда Блерим Беџети. 

-Синоќа не се одржа никаков состанок во Сарај. Инцидентот се случил во кафеана во Кондово. Јас не бев присутен и тоа нема врска со ДУИ. Повредените ги познавам, тие се членови и активисти на ДУИ, но не се дел на партискиот огранок во Сарај – тврди Алити. 

Доцна синоќа весникот на албански јазик “Лајм” објави дека на состанокот на општинскиот огранок во Сарај прво дошло до вербален конфликт меѓу приврзаниците на Алити и на Беџети, кој потоа прераснал во престрелка со огнено оружје. Според непотврдени информации, петмина се ранети, а еден од нив тешко повреден е пренес во Градската болница во Скопје. “Лајм” јавува дека еден од повредемите е Јонуз Јакупи од Кондово, професионален војник во АРМ. 

Алити тврди дека меѓу него и Беџети нема нетрпеливост. Но, според неофицијални информации, најголемата битка за избор на претседател на партискиот огранок во Сарај се води меѓу нив двајца. Алити вели дека засега тој е претседател на огранокот и дека нема причини за кавги.

-Активистите на ДУИ ќе решат кој ќе биде избран за претседател на ДУИ во Сарај, вели Алити. 


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top