| четврток, 6 декември 2018 |

Србите ќе се жалат на казната од УЕФА

Serbia vs Albania

Српската фудбалска федерација не губи време и официјално објави дека ќе поднесе жалба на казната наметната од УЕФА поради натпреварот со Албанија. На овој дуел во Белград фановите на Албанците пуштија дрон со знамето на Голема Албанија, кое беше фатено од играчите на “лебедите”, што предизвика гнев кај гостинските фудбалери а потоа неколку навивачи на домаќините упаднаа на теренот.

Поради овој инцидент Србите беа казнети со два натпревари без публика и им беа одземени три поени. А пак на Албанците им беше доделен службен пораз. Буквално два часа по објавувањето на овие санкции, Србите најавија дека ќе поднесат жалба. А имаа рок од три дена да објават дали ќе го сторат тоа.

“Шефовите на Српскиот фудбалски сојуз се запознати со казната на УЕФА и ги разгледаа детално мотивите за неа. Сите едногласно се согласивме дека таа треба да биде обжалена, бидејќи во неа има многу слаби места”.

“Дисциплинската комисија на Европската фудбалска централа покажа недостаток на секаква принципиелност, особено ако судиме и за казната на Србија за инцидентот во Џенова пред неколку години”, пишува во соопштението на Србите во случајот.

До крајот на месецот ќе биде јасно кога жалбата ќе биде разгледана во Апелациската комисија на УЕФА, а таа во двонеделен период ќе треба да се произнесе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top